Локални избори паралелно со претседателските во Македонија
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2018 18:51
Општина Ново Село ќе има локални избори за нов градоначалник, по оставката на обвинетиот Боро Стојчев, кој беше уапсен за шверц на цигари и доби казна затвор од шест месеци, но се’ уште не се знае кога ќе се одржат. Извори од општината за Телма коментираат дека постапката е отпочната, но поради големиот број прцедури коишто мора да се испочитуваат, изборите би можеле да се поклопат со претседателските во пролет 2019 година.
Од министерството за локална самоуправа потврдија дека Ново Село им испратило допис со известување дека градоначалникот Боро Стојчев си поднел неотповиклива оставка од функцијата. Известувањето пристигнало пред десетина дена и министерството има рок од 15 дена, а најдоцна до 5 ноември да ја извести Владата.
Владата од тој ден има рок од 30 дена да ја констатира оставката и да ја извести општина Ново Село за именување на врштител на должноста градоначалник, а во тој период треба да го информира и Собранието на РМ за распишување предверемени избори за градоначалник.
Откако ќе добијат известување општината е должна во рок од 30 дена да назначи вршител на должноста којшто ќе биде избран од Советот на општината, освен претседателот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема законски рок кога ќе се распишат изборите за нов градоначалник во општина Ново Село.
Оваа општина е без градоначалник од јули, по апсењето на Боро Стојчев. Претседателката на советот вели дека општината функционира без проблеми.
Боро Стојчев си поднесе оставка на 5 октомври од затворот во Струмица каде издржува затворска казна за шверц на цигари. На 10 јули тој беше уапсен во обид да пренесе 3300 штеки цигари преку македонско-бугарската граница, на див граничен премин кај селото Бадилен.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




