19 Мај, 2024
0.0261

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА: Во половина општини кандидатите немаат противници

Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Утрово во 07:00 часот започнаа локалните избори во соседна Албанија. Ќе се избираат нови градоначалници во 61 општина. Според ОБСЕ/ОДИХР во дури 31 општини кандидатите на владеачката Социјалистичка партија немаат противници.

Опозицијата, предводена од Демократската партија ги бојкотира изборите.

Претседателот на Албанија, Илир Мета вчера ги повика граѓаните утре на граѓански и демократски начин да ги донесат одлуките сами, албанските граѓани да се однесуваат мирно и мудро, како и да се самовоздржуваат.

Мета, смета дека од суштинско значење за земјата е денес да се сочува социјалниот мир и да се избегнуваат провоклации и насилство.

Пратениците од опозицијата во февруари поднесоа оставки во Законодавниот дом и излегоа на потеси на улица. Тие ја обвинуваат владата за корупција и изборна измама на парламентарните избори во 2017 година преку купување на гласови. Бараат оставка од премиерот Еди Рама и предвремени избори. Албанскиот премиер не прифаќа и ги отфрла обвиненијата.

Локалните избори во Албанија , ќе бидат обезбедени од страна на воените командоси, припадниците на албанската воена единица.
Повеќе детали прочитајте тука.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс