03 Октомври, 2023
0.0332

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВТОР КРУГ: Каде ќе се кршат копјата на 29 октомври?

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во некои општини неизбежен е втор круг за да се реши кој ќе биде градоначалник.

На 29 октомври ќе се прегласува во 35 општини во кои ниту еден кандидат за градоначалник не доби потребно мнозинство од гласови.

14 се општините во кои СДСМ има предност, додека опозициската ВМРО ДПМНЕ со предност влегува во само 6 општини.

Резултатите кои не ги очекуваа многумина и донесоа победа на СДСМ, но сепак владеачката партија ќе мора да се бори во уште еден круг во 13 општини со противкандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, додека една општина има кандидат за градоначланик од НДП.

Тесни битки во Штип и Чешиново-Облешево

Копјата СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во вториот круг ќе ги кршат во Штип каде кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Илчо Захариев има предност од 36 гласови. Во оваа општина можен е пресврт бидејќи ДИК регистрираше 800 неважечки ливчиња. Од СДСМ таму кандидат е Благој Бочварски.

Тесна разлика има и во Чешиново-Облешево. Само 39 гласови повеќе доби ВМРО ДПМНЕ во првиот круг.

Од албанскиот блок ДУИ предност има во 11 општини, додека Алијансата на Албанците и ДУП имаат предност само во по една општина, додека двајца независни кандидати ќе влезат со предност во вториот круг.

Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Виница и Градско, потоа Демир Капија Јегуновце, Карбинци, Македонска Каменица, Македонски Брод и Росоман, Старо Нагоричане и Чашка се општини каде СДСМ има предност.

Шестте оптшини каде води ВМРО ДПМНЕ се Штип, Чешиново - Облешево, Пробиштип. Новаци, Зрновци и Кавадарци.

Во Гостивар, Тетово, Чаир , Сарај, Теарце, Липово, Желино, Долнени, Дебар, Врапчиште, и Боговиње предност има ДУИ, а во Струга води Алијансата на Албанците.

ДПА води во Студеничани а назвисните кандидати се со предност ви Могила и Брвеница.

Можеби ќе ве интересира

ОД КАФУЛЕ, ЗАЕВ ГО ПРОШЕТА ЦИПРАС ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА ОД КАДЕ ЈА ВОДЕШЕ СТРУМИЦА: Костадинов им беше домаќин, ги пречека во општинската зграда

ОД КАФУЛЕ, ЗАЕВ ГО ПРОШЕТА ЦИПРАС ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА ОД КАДЕ ЈА ВОДЕШЕ СТРУМИЦА: Костадинов им беше домаќин, ги пречека во општинската зграда

СЕ „БИЛДА“ ПАТРИОТИЗАМ ВО УЧИЛИШТАТА ВО АЕРОДРОМ: Муцунски најави-секој понеделник, денот на учениците ќе почнува со химната

СЕ „БИЛДА“ ПАТРИОТИЗАМ ВО УЧИЛИШТАТА ВО АЕРОДРОМ: Муцунски најави-секој понеделник, денот на учениците ќе почнува со химната

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?

„ПРОГНОЗИТЕ ЗА СНЕГ СЕ СТАРИ, ДОПРВА ДОАЃААТ НОВИ!“ Ќе ги зголемат ли новите анализи предвидувањата за снежни врнежи во Европа?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна постапката за изградба на споменици на Карпалак, Вејце и Љуботенски Бачила, но ќе се гради и Музеј на УЧК во Арачиново

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна постапката за изградба на споменици на Карпалак, Вејце и Љуботенски Бачила, но ќе се гради и Музеј на УЧК во Арачиново

Заев и Ципрас се сретнаа со струмичкиот градоначалник Костадинов

Заев и Ципрас се сретнаа со струмичкиот градоначалник Костадинов

Јанкулоска кажа дали би се сретнала со Никола Груевски

Јанкулоска кажа дали би се сретнала со Никола Груевски

Јанкулоска откри како го поминува времето во затвор

Јанкулоска откри како го поминува времето во затвор

Во следниот период ќе започне да се чувствува силата на зимата во делови од Европа

Во следниот период ќе започне да се чувствува силата на зимата во делови од Европа