18 Декември, 2025
0.0888

Лондон се вклучува во нападите против Исламската држава

Објавено во: Свет 26 Септември, 2014 20:17

Добивај вести на Viber

По Данска и Белгија, и Велика Британија денеска одлучи да се приклучи на воздушните напади против Исламската држава, предводени од САД. Британскиот парламент даде зелено светло за учество во нападите насочени кон џихадистичките позиции во Ирак. Пратениците со огромно мнозинство од 524 гласа „за“ наспроти 43 „против“ одобриле силите на британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) веднаш да се вклучат во операцијата. Во воената база на Кипар веќе се наоѓаат подготвени шест борбени авиони од типот Торнадо ГР4, кои веднаш можат да се придружат на нападите. Сепак, пред гласџањето британските пратеници нагласија дека нема да има испраќање на копнени трупи во Ирак, а за приклучување кон воените операции во Сирија ќе мора да се донесе нова одлука. Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека кампањата против Исламската држава би можела да трае повеќе години и ја повика Велика Британија да не стравува од влез во нов конфликт во Ирак, каде што имаше свои трупи до 2011 година. Данска ќе се приклучи на нападите со четири авиони и три резервни, како и со 250 пилоти со помошен персонал за нападите во Ирак. Одлуката за овој ангажман треба да ја одобри парламентот, но тоа се смета за формалност. Белгија ќе испрати шест авиони од типот Ф-16 со воен контингетн од 120 луѓе, меѓу кои осум пилоти. Дополнително ќе се разгледува зголемување на нејзиното учество во операцијата. Авионите на пат до базата во Јордан ноќеска ќе слетаат во Грција. И белгиските авиони ќе можат да се употребуваат за воени операции во Ирак веќе од утре.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина