ЛОШ СТАРТ НА ГОДИНАТА: Падна цената на златото
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Јануари, 2021
Златото со ниска цена ја почна годината. Таа се намали за 3 отсто и тоа е најлош резултат во јануари од 2011-та година.
Трговците се движат во насока на раст на доларот. Тие се надеваат на повеќе парични стимуланси и траекторијата на пандемијата. Светскиот совет за злато прави оптимистичка прогноза за
побарувачката во текот на годината. Велат дека таа ќе закрепне
оваа година, откако се намали на најниско ниво по повеќе од една деценија во
2020-та година. Лани многу малку се купуваше златен накит во светот, посебно голем пад имаше во Кина и Индија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.