20 Април, 2024
0.0250

ЛОШИ ПРОЕКТИ ИЛИ ЛОШИ ИНВЕСТИТОРИ: Уште една катна гаража чека нов газда

Објавено во: Анализа 29 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка ја нуди на продажба катната гаража во скопски Аеродром. Станува збор за објект со вкупна површина од 11.743 квадратни метри, а продажната цена на 231 милион денари или над 3,8 милиони евра. Објектот се наоѓа на булеварот Jане Сандански, до трговскиот центар Бисер.

Гаражата ја градеше градежната компанија Илинден, која како инвеститор земјиштето го доби на користење на 40 години, а за секој квадрат плати по 1.970 денари, сметано како годишен закуп.

Од Комерцијална банка за Фактор потврдуваат дека имотот сега е во нивна сопственост.

„Банката се стекна со сопственост на недвижниот имот – катана гаража врз основа на наплата од ненаплатени побарувања со Заклучок за извршна продажба на недвиќност од извршител Христо Јованов. Недвижниот имот превземен со наплата на ненаплатени побарувања може да се купи или во готово или со кредит од Банката“, велат од Комерцијална банка.


Во објавата на Комерцијална банка стои дека начин на плаќање е во готово или на кредит со 10 проценти учество. На товар на купувачот се и ДДВ, данокот на промет, нотарски и другите трошоци околу купопродажбата.

Моменто поради тоа што земјиштето е во сопственост на државата, а претходниот сопственик АДГ Илинеден има стекнато право на долготраен закуп, тој надомест на државата и го плаќа Банката со дури не се најде нов сопственик.

Инаку катната гаража кај Бисер почна да сегради во 2008 година,а на поставувањето на камен тeмелникот освен од градежната компанијa гости беа и премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Осветата ја направи лично поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

Гаражата е со капацитет од 242 места и според тогашните тврдења требаше да го ублажи пробелот со паркирањето во околината. Сепак граѓани кои живеат во близината велат дека објектот не бил искористен воопшто.  

Слична судбина имаат и повеќето други гаражи во центарот на градот, дел од нив се и дел од проектот Скопје 2014.

А.Т.


фото: буилд.мк