18 Декември, 2025
0.0430

Лоши вести за богаташите!

Објавено во: Свет 20 Мај, 2014 08:13

Добивај вести на Viber

Некои луксузни брендови размислуваат да ги зголемат цените на своите производи поради силните против девизни ветрови и променливите шопинг навики на луѓето во Кина. Цените на луксузните стоки се зголемуваат со 4% годишно меѓу 2012 и 2014 година, а некои се зголемија до 6 отсто оваа година, покажуваат податоците на Sanford Bernstein. Компанијата ги базира своите студии на индексот за следење на цените на 19-те најпродавани производот во Европа и Кина. Брендовите како Hermes и LVMH ќе ги зголемат цените на стоките со 4 до 6% во 2014 година, додека стоките на Gucci, Prada и Burberry ќе станат поскапи со 2-3% за истиот период, поради силното евро и силната британска фунта. "Компаниите за луксузни стоки имаат силно влијание врз цените", тврди Марио Ортели, виш аналитичар во Sanford Bernstein. Луксузните компании кои работат во различни сектори - од мода до пијалаци - предупредуваат за негативното влијание на силните валути. Минатиот месец Burberry изјави дека силната фунта може да влијае на нејзиниот профит. Од своја страна, производителот на очила Luxottica рече дека профитот му е погоден во првиот квартал на 2014 година. Променливите навики на кинеските производители исто така имаат големо влијание врз цените на луксузните стоки. Во последните неколку години купувачите во азиската земја почнаа се почесто да патуваат до Европа, за да купуваат скапа стока. Зголемувањето на цените влијае на оваа навика. Луксузните стоки во Европа поскапеа повеќе отколку оние во континентална Кина. Само во Париз цените скокнаа за 4,2 отсто меѓу 2012 и почетокот на 2014 година. За споредба, зголемувањето на цените во Шангај е само со 1,6 % . Според експертите друга причина за големото зголемување на цените е зачувувањето на ексклузивноста на луксузните брендови. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина