05 Декември, 2025
0.0331

Лоши вести за македонските тутуноберачи

Објавено во: Агробизнис 27 Август, 2018 13:00

Добивај вести на Viber

Намален род за 30 – 40 отсто, послаб квалитет и пониска откупна цена, очекуваат производителите од годинашната реколта тутун поради честите врнежи летово и појавата на болести.

И повторно да се зголемат температурите, како што најавува УХМР, не може, велат, ситуацијата значително да се подобри зашто денот е веќе намален, а ќе има и роса.

Моментно, во тек е бербата на третата и четвртата рака тутун, односно на подобриот квалитет од родот.

– Поради многу дождови и болести, производството годинава ќе се намали за 30 – 40 отсто. Нашите проценки беа дека ќе достигне 26 милиони килограми, но прашање е дали ќе исполниме и 20. Ќе биде тешко, зашто освен помали количини, ќе имаме и лош квалитетот. Треба да очекуваме проблеми со откупот, изјави за МИА претседателот на Сојузот на тутунските здруженија во Македонија Кире Неделковски.

Според него, тутунарите треба да бидат свесни дека откупувачите нема да даваат добра цена.

Ако се донесе новиот закон тутун кој е во процедура, откупот ќе почне од 15 ноември, а треба да заврши кон крајот на февруари.

Лани цената достигна 217 денари, а колку ќе биде годинава, Неделковски рече дека уште е рано да се каже.

Од УХМР исто така велат дека оваа година не е добра за тутунот.

– Годинава е квантитативно добра, но не и квалитативно. Ќе имаме големи количини тутун, но со понизок квалитет. Дождот што ја зафати Македонија од синоќа ќе трае кратко. Можеби ќе ја отежне бербата и ќе има прекин денеска и утре, но тоа не е за посебно одбележување зашто од среда повторно се очекува зголемување на температурите над 30 степени. Тоа ќе ги задоволи потребите за сушење на родот, истакнува агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?