Лошите вести во Кина предизвикаа пад на цените на нафтата
Објавено во: Економија 24 Јули, 2013 10:28
Како резултат на загриженоста на инвеститорите дека падот на преработувачките активности во Кина би можел да ја намали побарувачката на овој енергенс во втората по голема светска економија, нафтата изутринава поевтини на светските берзи.
Американската лесна нафта за испорака во септември поевтини за 27 центи на 106,96 долари за барел, додека цената на „брентот“ од Северното Море на берзата во Лондон се намали за 22 центи на 108,22 долари. Прелиминарните податоци на банкарскиот гигант ХСБЦ покажаа дека индексот на управување со набавката (ПМИ) за кинескиот индустриски сектор во јули се намали на најниско ниво во последниве 11 месеци на 47,7 поени од јунските 48,2 поени. Индек од над 50 поени укажува на јакнење на секторските активности, а под 50 поени за нивно слабеење.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




