Добивај вести на Viber
Земјоделците годинава пријавиле штети од 11 милиони евра, но проценките колку реално изнесуваат штетите се прават, објави Алсат-М. Нетипичната клима оваа година предизвика проблеми речиси во сите сектори.
„Многу нетипична година која доведе до намалување на производството, односно квалитетот на виното. И, тука штетите се проценуваат на 800 илјади евра.Тутунот претпре штета, роди многу, но со лош квалитет, бидејќи на влажно време не можеше да израснат убави здрави листови. Јаболката исто така беа оштетени. Имаше град. Земјоделците пријавија штети од околу 700 милиони денари или 11 милиони евра. Ова секако е премногу од страна на земјоделците, проценките се прават, ќе се добие реалната слика, но секако ќе има штети, кои ќе треба некако да се надоместат. Исто така и познатата црвена пиперка има штета, родот е намален извозот е неизвесен. Се намалува производството на мед. И оваа година неочекувано голем негативен ефект се појави во сточарство. Така наречената болест син јазик во Беровско, Штип и Струмица однесе 7.000 грла а 300 илјади се инфицирани“, вели Виолета Стојановска Петровска, државен советник во министерство за финансии во изјава за „Економски магазин“ на Алсат-М.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: