18 Декември, 2025
0.0524

Ловџијата што застрела колега во притвор со кривична пријава

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2017 14:00

Добивај вести на Viber

Кривична пријава и 30-дневен притвор доби З.Ј (38) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека завчера околу 13.50 часот, на местото викано „Медев рид“, атар на село Белотино, во близина на браната Водоча, кога заедно со уште седуммина бил на лов, испукал еден патрон со пушка и го погодил лицето Ж.И. од село Рич. Ловџијата се движел по шумска патека низ непрегледна шума на оддлеченост од околу 30 метри.

Ж.И се здобил со влезна рана од оружјето во пределот на главата, од каде почнал обилно да крвари и паднал во безсознание.

Струмичанецот, со намера да го прикрие настанот, ги известил другите  кои во меѓувреме дошле на помош, дека Ж.И од невнимание се самозастрелал, притоа ја зел пушката која ја користел сега починатиот и ја пренел на друго место на оддалеченост на околу 50 метри потпирајќи ја на една грмушка и враќајќи го петлето од пушката напред. 

Откако повредениот го качиле на трактор, за побрзо да му се пружи лекарска помош, струмичанецот ја земал пушката со која бил на лов, заминал кон брана Водоча, земал метална жица и го одбравил затворачот на пушката кој бил оштетен, го извадил, а го фрлил и употребениот патрон во водите на брана Водоча, по што пеш заминал за Белотино, враќајки ја пушката на лицето од кое ја зел заедно со уште четири неупотребени патрони.

Повиканата екипа од Итната медицинска помош од Струмица веднаш дошла и укажала лекарска помош по што повредениот со медицинско возило бил префрлен во ЈЗУ Општа Болница - Струмица, каде и покрај пружената лекарска помош и реанимација, им подлегнал на повредите. 

Од извршените проверки било утврдено дека и застреланиот и осомничениот дека го застрелал, не поседувале огнено оружје со дозвола за оружје, ниту, пак, биле членови во ловното друштво „Беласица“ од Струмица.

По наредба на јавен обвинител извршена е обдукција врз телото на починатиот. 


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје