Лозари:Додека не ни се исплатат долговите нема продажба на „Винеа”
Објавено во: Агробизнис 24 Јануари, 2013 16:20
Четириесетина лозари денеска протестираа пред канцеларија на извршител во Кавадарци. Бараат да не се изврши најавената продажба на винарската визба „Винеа” од Штип која откупувала грозје во објект во росоманско Паликура.
- Немаме ништо против винаријата да се продаде, но сметам дека прво треба да се расчистат долговите кон лозарите, а потоа винарницата да се продава. Не може да се продава „Винеа” кога лозарите не си ги добиле своите пари. Не се само овие луѓе, бројот на оние кои се незадоволни е многу поголем. Ова се луѓето кои побаруваат за 2009 и 2010 година, а има и такви кои во објектот на „Винеа” го дале и грозјето за минатата година, изјави претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Љупчо Аризанов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





