Лозарите да здивнат - продолжува откупот на грозје
Објавено во: Агробизнис 14 Октомври, 2016 10:27
По мала пауза, продолжува откупот на грозје.
По привремениот прекин со откуп поради пренатрупаност со грозје и неопходност од време тоа да биде преработено, винарската визба „Повардарие” од Неготино продолжува со откупување и преработка на грозје од годинешнава гроздоберска реколта, пишува МИА.
„Од објективни причини моравме да направиме мал прекин во откупот бидејќи пред винаријата се создаде голема колона трактори кои донесоа грозје. Нашиот капацитет е ограничен во поглед на преработката на грозје и затоа решивме првин да го преработиме грозјето што веќе беше обрано, па потоа да продолжиме со откупот. Како што ветивме, по времениот прекин, додека паѓаше и дожд и бербата беше и природно стопирана, повторно откупуваме грозје“ - велат од винарницата.
Додаваат дека откупот е со претходна најава за да не се создаваат гужви, а ќе трае се додека има грозје.
На 10 месецот откупот беше запрен привремено.Прекинот на откупот се однесуваше на сите откупни пунктови.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





