Лозарите до срединава на месецот ја очекуваат првата рата за грозјето
Објавено во: Агробизнис 08 Декември, 2016 12:31
Винарите до 15 месецов треба да ја исплатат првата рата за откупеното грозје во изминатата сезона.
Лозарите се надеваат дека законскиот термин ќе биде испочитуван.
„Се надеваме дека ќе ги испочитуваат законските одредби и ќе го платат навреме родот произведен со мака и пот. Веќе се почнати активностите во лозовите насади за следната производствена сезона, па неопходни ни се финансиски средства“- изјави претседателот на Регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”, Љупчо Аризанов.
Тој вели дека лозарите од Тиквешијата го почнаа кроењето на виновите лози.
На лозјата во земјава годинава се собрани околу 180 милиони килограми винско грозје. Дел од грозјето е извезено во странство, а дел заврши во домашните преработувачки капацитети.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





