Добивај вести на Viber
Денеска е Свети Трифун, празник на лозарите, денот кога се закројува лозата за бериќетна година. Со почетокот на закројувањето од денеска и официјално почнува новата лозарска година. Но последиците од претходната година кога голем дел од лозјата фатија болест, лошо ќе влијаат врз годинешната реколта. Лозарите стравуваат дека од лозјата што лани имаа пепелница, годинава ќе дадат помалку род. Доополнително дождовите кои наврнаа изминатиов период ќе го отежнат закројувањето.
-Последиците од ланската година ќе ги почуствуваме годинава. Лани голем дел од лозајата беа зафатени со пеплница која предизвика сериозни штети.Тоа ќе се одрази врз родноста на лозјата. Секако очекуваме годината да биде подобра од лани, но не и од 2013-та година кога имавме бериќетна лозарска година. Оние лозја што имаа пеплница, нивното стебло нема зрелост, родните папки не се доволно зрели, има оштетувања и при кроењто треба многу да се внимава оти гранките се полусуви. Среќа што поплавите не ја зафатија многу Тиквешијата, поплавени се само оние насади што се покрај реките. Сепак поради дождовите почвата е презаситената со вода, и закројувањето ќе се одвива отежнато, оти има многу кал и и тешко ќе се влегува во насадите, вели
Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот сојуз на лозари.
Проблемите кои со години се провелкуваат и натаму остануваат болна точка за лозарите, а денешниот за нив среќен ден значи почеток на уште една лозарска година исполнета со калкулации како ги покријат трошоците, дали грозјето наврме ќе им се плати, и крајно дали ќе успејат да остварат пристоен приход за егзистенција.
-Нас истите проблеми ни се провлекуваат години наназад и ќе продолжат и годинава. Лани баравме повисоки откупни цени односно за смедеревката 13 денари за клиограм а за вранецот 15 денари. Винарниците цените не ги корегираа, го откупуваа грозјето по иста цена како претходната 2013-та година, односно смедеревката 11 денари за килограм, а за вранецот плаќаа 13 денари. Тоа за нас се нерентабилни цени, и со тие што ги баравме не се цени од кои ние ќе имаме кој знае колкава заработка. Цените на заштитните средства постојано растат, годишно се случува и до 30 отсто да поскапат. Кај нас заштитините средства се три пати поскапи од една Италија, најголем производител на вино. Потоа за да најмите човек за помош треба да се плати 1.000 денари. Нафтата која точно изминатиов период поевтини, сега се гледаме повторно поскапува и тоа токму во периодот кога ние почнува со работа, досега немавме работа. Неколку пати баравем да ни се обезбеди зелена нафата, но еве уште ништо. Од друга страна винарниците си манипулираат со исплатата на грозјето. Од ланското откупено грозје досега е исплатено само 20 отсто, вели Аризанов.
Минатото лето обилните врнежи ги уништија дел од лозовите насади. Родото во спроедба со претходната 2013-та година беше преполовен.Најпогодени беа лозовите насади со црните сорти грозје, особено вранецот и трпезните грозја, но оштетувања имаше и кај смедеревката и другите сорти.
Извозот на вино расте, но не се зголемуваат лозовите насади
Лозовите насади во земјава се застапени на околу 21.000 хектари, што е намалување во споредба со 2007 година кога површните под лозје зафаќале близу 25.000 хектари.Во 2013-та година од извозот на вино во буџетот влегоа околу 50 милиони евра, што е за 24 % повеќе од претходните години. Сепак во делот на извозот, и понатаму поголеми се количествата на извезено наливно вино во споредба со извезеното флаширано вино.
-Во текот на последните години многу се подобри квалитетот на произведеното вино, што се должи на воведување на новите техники и технологии од винарските визби. Истовремено и Македонија сè повеќе е препознатлива како винска земја, иако сè уште е далеку од местото кое навистина и припаѓа, па и тоа овозможи да се зголеми и количината како и бројот на земјите каде се извезува виното. Зголемувањето на извозот на финализирано и пакувано вино е долготраен, тежок и скап процес. Подобрувањето на квалитетот и имиџот на македонските вина го помага овој процес, како и зголемениот интерес на државните органи, и асоцијациите на лозари и винарии да се претставуваат на меѓународните саеми и презентации, ќе помогнат многу во овој процес, но реално не можеме да очекуваме некој бум. Ова е спор процес и ќе мора континуирано да работиме на него и да го издржиме, вели професор
д-р Михаил Петков, од Катедрата за винарство и лозарство при Факултетот за земјоделски науки и храна.
Проблем во македонското лозарство кое има идеални услови за развој е старосната структура на лозовите насади и едноличниот сортимент.
-Не би можеле да кажеме дека ситуацијата сега е многу подобрена. Недоволната обнова на лозовите насади не може многу да ја подобри ситуацијата. Во однос на сортиментот има подобрување, меѓутоа тоа и не е еден од најбитните проблеми. Кај нас се застапени скоро сите поважни меѓународно познати сорти, но и користењето на автохтоните и одомаќинети сорти ни овозможува многу сериозно да настапиме на светскиот пазар. Понатаму, би требало многу повеќе да се зафатиме и со развојот на расадничкото производство со што ќе си овозможиме квалитетен саден материјал, вели професорот Петков.
Експертите од виснкиот сектор велат дека Македонија сè повеќе е препознатлива како винска земја, иако сè уште е далеку од местото кое навистина и припаѓа.Посочуваат дека иако извозот на свежо грозје во последните години има пораст, сè уште нема нагло зголемување на насадите со лозја, што се должи на фактот дека сè уште има недовршени работи околу откупните центри и ладилниците, кои се неопходни за непречен и квалитетен извоз на трпезното грозје.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: