Лозарите и овоштарите засега се најзаинтересирани за осигурување на родот
Објавено во: Агробизнис 09 Август, 2013 09:46
Градинарите, лозарите и овоштарите се најзаинтересирани за осигурување на родот. и покрај државната поддршка за заштита на земјоделските површини од временските непогоди што се обезбедува веќе пет години, се уште е многу мал процентот на нејзино искористување. Од речиси 105.000 земјоделски стопанства само 1.300 ја искористиле субвенцијата која покрива 60 проценти од трошоците за полиси.
- Ниското вреднување на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и малиот број прифатливи штети во листата на осигурување се најчестите причини поради кои земјоделците не се одлучуваат на ваков чекор и не ја користат владината поддршка, сметаат експертите.
Сушата и поплавите, велат, се пример дека најдоброто и најевтино решение за заштита на посевите е осигурувањето.
Годинава за оваа намена се обезбедени 35 милиони денари што е двојно повеќе од лани кога на располагање беа 17 милиони. Право на користење на субвенциите имаат фармерите со максимални површини до 10 хектари за лозови и овошни насади, до два хектара за градинарски култури и за тутун, до 20 хектари за житни култури и до 100 пчелни семејства.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





