Лозарите не се согласуваат да се намали цената за килограм грозје
Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2016 12:40
Ланските цени за килограм грозје да останат, бараат лозарите кои беа присутни синоќа на средба во општина Кавадарци.
Претседателот на „Агротиквешија”, Љупчо Аризанов ги запозна присутните за тоа како се одвивале четирите средби со претставници на винариите, под медијаторство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Винарите бараат благо да падне цената на винското грозје. Сакаат да закинат една шеќерна единица или да се симне нејзината вредност. Поединечно за секој од нас тоа не е многу, но гледано во државни рамки, тоа се тешки пари, околу милион и 600 илјади евра. Ние стоиме на ставот да си останат ланските цени и ланските шеќерни единици“ - вели Аризанов.
Обраќајќи им се на лозарите, градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов кажа дека целта им е иста, да се создаде што е можно поповолен амбиент оваа година, кога е во прашање претстојниот откуп на грозјето. Вели дека во досегашните преговори дел од изнесените предлози околу цените за килограм грозје биле нивни, а свои предлози давале и винарите, како и претставниците на Министерството за земјоделство.
„Директорот на Земјоделскиот инспекторат вети постојано присуство на нивните инспектори на откупните пунктови, додека таму се носи грозје“ - вели тој.
Оваа средба се прави во пресрет на гроздоберот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





