Лозарите си ги бараат парите од „Повардарие“
Објавено во: Агробизнис
24 Февруари, 2014 22:11
Добивај вести на Viber
Неготинските лозари излегоа на протест пред капиите на винарската визба „Повардарие“, која не им го исплатила грозјето од лансакат реколта. Лозарите сметаат дека односот на визбата е несериозен кон нив, дека никој не се интересира како живеат кога лозарството им е главен извор на егзистенција.
„Кога ни го купуваа родот добивме ветување дека исплатата ќе биде завршена за 30 дена, а еве поминаа и 150 дена, а пари уште нема. Неможе некој локален моќник да си игра со нашите пари. Ние како земјоделци од тоа егзистираме. И малкуте пари за нас се многу. Ни должат околу 30 милиони денари за смедеревка и вранец. Договорот за белото гројзе беше 30 дена за исплата, а уште нема пари. Може да замислиме што ќе биде со црното грозје. Околу 3 милиони килограми имам предадено во Повардарие“, рече сопственикот на фирмата „Полет шпед“ од село Тремник, фирма која откупуваше грозје за винаријата од индивидуалните лозари.
Лозарите се закануваат дека доколку не ги добијат парите ќе преземат порадикални мерки. Ја критикуваат и Владата која „треба да внимава кому му дава дозвола да откупува грозје и да престане да ги штити винариите“.
Незадоволните лозари ги поддржа и лидерот на Агротиквешија Љупчо Аризанов кој посочи дека е забавена динамиката на исплата во неготинскиот винарски подрум.
Крајниот рок за исплата на грозјето од ланската реколта е 30 април, но лозарите велат дека им било ветувано оти парите ќе ги добијат многу порано. Со ветувања за побрза исплата винарските визби ги убедуваа лозарите да го предадат нивното грозје токму кај нив, особено за сортата смедеревка која годинава беше особено барана.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?