05 Мај, 2024
0.0229

Лозарите со најлошата година досега - грозјето скапува, откуп нема

Објавено во: Агробизнис 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Лозарите се жалат дека се соочуваат со една од најлошите години досега кога е достигнат врво на манипулациите од страна на винариите кои на сите можни начини ги избегнуваат начелните договори, додека пак владата и министерството за земјоделство и покрај сите ветување не успеа да најде решение за проблемот.


Лозарите се гневни на владата, која ветувала дека годинава ќе се откупи секое зрно грозје. Министерот за земјоделие Михаил Цветков пред пет месеци изјави дека лозарите и винариите со посредство на Министерството договориле грозјето да се исплаќа на рати, а најави и казни за визбите кои нема да го почитуваат договорот.

Без резултат се и мерките за субвенционирање на дополнителни три денари за откуп на вранецот и два денари за смедеревката, лозарите обвинуваат за ТВ 24 Вести.

И додека лозарите чекаат решение за проблемот, грозјето скапува по нивите. Голем дел од кавадаречките лозари размислуваат да се откажат од лозарството и да ги ископачат своите лозја бидејќи немаат ниту профит ниту перспектива во оваа гранка.


Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?