05 Декември, 2025
0.1127

Лозарите се жалат на загуба од ниските цени на грозјето, ќе се протестира

Објавено во: Агробизнис 23 Август, 2018 09:14

Добивај вести на Viber

Лозарите од Тиквешко кои синоќа се собраа за да разговараат околу ниските цени кои винарите ги нудат за грозјето, одлучија да протестираат против игнорантскиот однос на винарските визби. Претседателот на Здружението “Напредни лозари”, Трајче Кулев утринава на прес-конференција соопшти дека се бара масовна поддршка од производителите на грозје и доколку ја добијат, ќе се организираат протестите, пренесе МИА. 

- Нема напредок во преговорите со винарите околу цените. Ние сме во загуба. Тие ги нудат истите цени од 11 и 13 денари за килограм “смедеревка” и “вранец”, а ние бараме  реални 15 со 17 денари за овие најзастапени сорти, информираше тој, соопштувајќи и дека се уште е актуелен и проблемот со винарските визби кои не доисплатиле грозје од претходни реколти. 

Кулев ги повикал лозарите да се обединат и со потпис да дадат поддршка за организирање на протестите, како израз на незадоволство од откупните цени за годинешниов род. Затоа што, како што нагласи, ако грозјето се плати поскапо, ќе живне и градот. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?