Лубениците и праските ќе ги опарат градинарите
Објавено во: Агробизнис 22 Мај, 2018 14:18
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе изврши исплата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети,за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.
Од оваа сума околу 2,5 милиони денари се за субвенции за произведено и продадено овошје во преработувачки капацитети кои ќе се исплатат на 147 лица, а близу 1,2 милиони денари за интервентната мерка за праски за 56 лица.Околу 9,3 милиони денари се за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети за 278 лица и над 1,1 милиони денари за интервентната мерка за лубеници за 26 лица.
Во изминатиот период за субвенции запроизведено и предадено овошје во преработувачки капацитети се исплатени околу 33,7 милиони денари на 1.471 лице и над 2,4 милиони денари за интервентната мерка за праски на 68 лица. Интервентната мерка за праските Министерството за земјоделство,шумарство иводостопанство ја донесе на 20-ти јуни минатата години со цел да им се излезе во пресрет на производителите на праски поради ниската откупната цена.
Ваква интервентна мерка за дополнителна финансиска поддршка од 2 денари за килограм на почетокот на јули минатата година беше донесена и за производителите на лубеници, за што неодамна се исплатија над 5,4 милиони денари на 156 лица.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





