03 Декември, 2024
0.0257

Љубљански млекари: Нашите производи се здравствено исправни и сигурни за користење

Објавено во: Агробизнис 06 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Љубљански млекари издаде соопштение во кое објаснуваат дека производите на оваа компанија се здрави и сигурни за користење. Еве го целото соопштение: Љубљански млекари делуваат во согласност со стандардот ISO 9001:2008, ISO 14001, според стандардите на ИФС и според начелата на системот HACCP за обезбедување на квалитет во работењето и здравствената сигурност на производите. Покрај тоа, редовно се вршат контроли за присутност на контаминенти кај производите, а имаат и дополнителна превентивна контрола за утврдување на присутност на афлатоксин М1 во сировото млеко. Сигурноста и квалитетот на млечните производи е најважната работа за Љубљански млекари. Системот за утврдување на сигурноста на производите и постапките за проверка на квалитетот континуирано се развиваат веќе неколку години. Во нив се вградени знаењето и долгогодишното искуство од различни домени на стручните лица, а се со цел за создавање на сигурен, квалитетен и добар производ за потрошувачите. Здравствената исправност и сигурноста на производите се обезбедуваат со почитување на начелата на HACCP, кои обезбедуваат целосен надзор и овозможуваат отстранување или отповикување на несоодветниот производ од пазарот во случаи кога тоа е потребно. Проверката на квалитетот на сите производи се изведува во лабораториите на Љубљански млекари, кои се вклучени во меѓународните меѓу-лабораториски споредувања на точноста на користените методи. Во согласност со годишниот план, контролата на квалитетот на производите ја извршуваат и други надворешни акредитирани лаборатории. Покрај тоа, надлежните ветеринари во Ветеринарната управа на Република Словенија вршат редовен надзор и проверка на квалитетот на изведувањето на контролите и резултатот од системот HACCP во сите објекти на Љубљански млекари. Во производството на млечните производи, најголемата словенечка млекара не употребува ниту генетски модифицирани организми (GSO). Во рамките на своите анализи редовно се проверува и можното присуство на контаминенти во млекото, меѓу кои е и афлатоксинот М1. Изворот на афлатоксниот М1 во сировото млеко е несоодветната крма со која кравите се хранат за време на зимскиот период. Габата Aspergillus, која настанува на житото во полињата и се размножува за време на складирањето во силосите, произведува микотоксин кој во телото на животните се претвора во токсичен облик афлатоксин м1. Потоа истиот се излачува од животните низ урината и млекото. Дозволената количина на контаминенти во млекото, меѓу кои е и афлатоксинот М1, е пропишана со одредбата од Европската Унија ES 1881/2006. Според неа, дозволената количина на афлатоксинот М1 е 0,05 мг./кг. млеко, што може да се спореди со едно зрно мак во 6.000литри млеко. Поради ова и методологијата за определување на количината на штетни материи е многу ригорозна: Во Љубљански млекари повеќе од 10 години вршиме мониротинг на присутноста на штетните материи во сировото млеко. Покрај тоа, секоја втора година редовно и превентивно вршиме дополнителни анализи за утврдување на присутност на афлатоксинот М1 во сировото млеко. Во сите години на проверка, присутност на афлатоксини никогаш не е утврдена. Испитувањата на сировото млеко ги вршиме во независна лабораторија на Институтот за млекарство и пробиотици и на тој начин утврдуваме дека афлатоксинот М1 не е присутен во нашите производи над законски определената граница“, објаснува Нева Макуц, директорка на секторот за квалитет и околинa на Љубљански млекарни.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.