Луѓето да носат маски за лице од ткаенина, порача СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот.
СЗО денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина, во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.
„Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да носи маски. И тоа маска од ткаенина, односно не медицинска маска“ – изјави експертот за ковид-19 во СЗО, Марија Ван Керков.
Тврдат дека сега имаат докази, дека ако се користи правилно, маската помага.
Во светот има скоро 7 милиони заразени од коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.