18 Декември, 2025
0.0480

ЛУЃЕТО ГО БАРААТ ЗА ЗИМНИЦА: Тешко го наоѓаат, а цената оди и до 250 денари за килограм

Објавено во: Македонија, Агробизнис 01 Октомври, 2024 07:49

Добивај вести на Viber

За подготовка на зимници, луѓето на пазарите бараат карфиол, но него или го нема или цената е висока, односно во некои градови стигнува и до 200, односно 250 денари за килограм.

На пазарите во помалите градови, на прсти се бројат земјоделците кои имаат карфиол. Производителите објаснуваат дека оваа култура тешко се одгледува, бара нега, скапи препарати, климата не е погодна, семенскиот материјал е скап, пласманот несигурен, а работна рака нема. Дополнително, ако претходните години имале лошо искуство, односно тешко го продале карфиолот, сега или ги намалиле површините или целосно се откажале од садењето.

„Јас завчера однесов 80 килограми, почнав со цена од 180 денари, а потоа ја намалив на 150 денари, на кочанскиот пазар. Тоа е многу за граѓаните, ама многу тешко се произведува. Многу се скапи семињата, многу тешко се работи. 30 денари е само едно коренче. Многу труд, многу вода, не му одговара климата. Тежок е за работа и специфичен, а кој нема искуство тешко е за производство“, објаснува Весна Георгиева, земјоделец.

Таа додава дека жешкото време не му одговара на карфиолот. Лани дел од оние кои не успеале да го продадат карфиолот, го фрлиле на стоката во своите фарми.

„Лани имавме голема количина на карфиол, ја продадовме за 20 денари по килограм на големо, и тоа е страшно. Едвај го продадовме. Лани лошо поминавме. Луѓето сега го бараат карфиолот, ама 250 денари е многу висока цена за граѓаните. Дури и да имаат пари, си имаат други приоритети, ќе ги потрошат парите на нешто друго, наместо да купуваат карфиол.  Јас минатата година садев два декари со карфиол“, вели земјоделец од околината на Битола.

Климатските промени им прават штети на земјоделците и ништо веќе не е како порано.

„Лани садев летен карфиол за проба, да ги видам карактеристиките. Садев декар и пол, ама е тежок за одгледување, треба многу прскање. Треба на три дена да се прска од инсекти. Три препарати треба да се мешаат. Тие се доста скапи. И семето е скапо. И си треба наводнување, карфиолот бара многу вода. Само еден – двајца го садат во селото, од 600 куќи. Плус си треба работна рака за садење, копање, берење. Сам човек не може да го работи карфиолот“, вели Ристо Георгиев од селото Муртино.

Додава дека дел од земјоделците во текот на сезоната само за работна рака одвојуваат по 1.000 евра, за да ги исплатат сезонските работници, а квалитетот на производот е многу важен, затоа што ако нема квалитет, работата паѓа во вода. Но, немањето сигурен пласман ги демотивира земјоделците да садат карфиол. Тие се плашат дека инвестицијата во оваа култура може да не вроди со плод, односно да бидат во загуба ако произведените количини не ги продадат. Од друга страна, граѓаните кои земаат ниски плати или пензии, се надеваат дека за некој ден, цената на карфиолот ќе падне и дека истиот ќе можат да го купат за 100 денари.  Податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), покажуваат дека лани едно домаќинство во просек трошело по 1.1 килограм карфиол.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми