Лукави лекари, реални плати и налутен министер
Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2013 21:04
Лекарите од „8 Септември“ побараа јавно извинување од министерот за здравство Никола Тодоров поради то што им залепил етикета дека се криминалци. Тодоров пак останува на ставот, лекарите од оваа болница ставале лажни податоци во системот за сите да земат цела плата.
За лекарите, контролите на платата по успешност го покажале спротивното, дека внесувале помал број услуги од извршените, а не повеќе како што обвинува министерот. Од министерството за здравство пво излегоа со податоци дека кај 70 отсто од лекарите има грешки во системот, потоа дури кај 90 отсто, а Тодоров им порача дека не смеат да го саботираат исплаќање плата по успешност. Тие побараа поради еден изолиран случај кој внесувал лажни прегледи, да не се етикетираат лекарите од целата болница. „Резултатите од двете контроли на медицинската документација во нашата болница, спроведени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, покажаа дека докторите специјалисти во системот за плаќање по успешност прикажале помал број здравствени услуги од реално извршените, велат лекарите и прашуваат од каде тогаш е возможно некој да земал поголема плата. Тие сметаат дека со ова им се руши угледот, па ако министерот не им се извини јавно спремни се да тужат. Тодоров: Ќе има контрола во сите установи По анализа на податоците за пет доктори во „8 Септември“ кои ги внесувале во електронскиот систем за плаќање по успешност, анализата покажала дека тие внесувале помалку интервенции од она што реално го завршиле, но ги внесувале на тој начин што на крајот на месецот сите доктори имале успешност 1 односно сите треба да зземат иста плата, изјави денеска Тодоров кој посочи дека станува збор за местенка која не е дозволена.Тодоров рече дека е забрането и казниво внесување неточни податоци независно дали станува збор за повеќе или помалку извршени интервенции.
„Осум други здравствени установи направиле целосна корекција на првично внесените податоци во овој период со нови податоци. Во тие здравствени установи го прифатиле мојот апел дека не сакам никој да биде казнет, туку само да имаме точни податоци во системот“, рече Тодоров.
Тој истакна дека ако се земат како точни податоците ,кои во овој момент сеуште стојат во системот како реално извршени здравствени услуги од страна на докторите, тогаш сите пет доктори ќе имаат учинок 1 и ќе земаат 100 проценти од нивната плата.
„Меѓутоа доколку ги земеме податоците кои се внесени не во нивниот хоспитален информатички систем туку податоците кои се внесени во дневникот на здравствената установа, тогаш добиваме различни резултати. Од анализата за месец март првиот доктор ќе има 18 проценти намалена плата, вториот-20 проценти зголемена плата, третиот-100 проценти плата, четвртиот-20 проценти намалена плата, и петтиот 12 проценти намалена плата. Исходот ќе биде тројца доктори кои ќе имаат намалена плата, еден да има 100 проценти од платата и еден да биде награден“, рече Тодоров.
Тодоров најави и дека од 16-ти до крајот на месецот ќе се направи инспекцискиот надзор во сите здравствени установи низ земјава.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





