18 Декември, 2025
0.1786

Лукоил и Тотал во заедничка мисија на Сибир

Објавено во: Свет 25 Мај, 2014 08:00

Добивај вести на Viber

Вториот по големина производител на нафта во Русија Лукоил и француската енергетска компанија Total склучиле договор за формирање на заедничко вложување со цел истражување на богатите енергетски ресурсни наоѓалишта во Сибир. Компаниите го потпишаа договорот за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Директорот на Лукоил Вагит Алекперов објави дека заедничкото вложување со Total ќе развива наоѓалишта со потенцијални резерви за 500 милиони барели. Во одделна порака француската нафтена компанија соопшти дека сеизмичките експлоатации ќе почнат уште оваа година, а ископувањето - во 2015 година. Договорот практично го финализира претходниот договор потпишан во декември минатата година. "Влегувањето на Total во наоѓалиштето Баженов што е едно од најголемите во светот, ја зацврсти нашата позиција во областа на неконвенционалните јаглеводороди во која групата доби значително искуство", изјави главниот извршен директор на Total Кристоф де Маржери. Во април тој изјави дека очекува до 2020 година најголем удел од произведените од компанијата нафта и гас да доаѓа од Русија, а плановите се Total да остане во земјата долгорочно и покрај тензиите меѓу Западот и Украина. Total ќе се приклучи на гигантите ExxonMobil , Statoil и Royal Dutch Shell при екстракцијата на шкрилци и енергетски ресурси на територијата на Русија. Придобивки има и за Москва, која се обидува да го задржи производството на нафта на ниво од над 10 милиони барели на ден. Американската администрација за енергетски информации проценува дека е можно во Русија да има шкрилци и наоѓалишта за 75 милијарди барели, што е повеќе од 58-те милијарди, кои ги поседува САД - најголемиот производител на шкрилци за нафта. K.K.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина