05 Декември, 2025
0.0376

„Луково Поле“ ќе се најде и пред пратениците

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2014 19:29

Добивај вести на Viber

Проектот „Луково Поле“, со кој се предвидува изградба на хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, ќе се најде на следната седница на собраниската Комисија за транспорт и врски, по иницијатива на пратеникот Рејхан Дурмиши од Партијата за европска иднина. Тој посочи дека проектот е од пошироко значење за регионот, за Македонија и за Албанија, како и за локалното население кое живее по течението на реката Радика, поради што неопходно е да се стави пред пратениците. До седницата, Министерството за животна средина има обврска да подготви материјали за пратениците и да достави информација до Собранието за ефектите што ќе ги има овој проект врз животната средина. „Со реализација на проектот ќе дојде до пренсочување на водите од природниот тек на реката. Тоа значи намалување на нивото на Радика, а со тоа и загрозување на животот и живеалиштата на бројни видови цицачи, водоземци и безрбетници. Истовремено демне опасност од згаснување на Радика, што ќе повлече последици кај локалното население кое ќе се соочи со социјално-екомонски и еколошки промени“, смета пратеникот Дурмиши. Проектот „Луково Поле“ предизвика лавина реакции од еколошките здруженија, активистите и граѓаните кои стравуваат дека со хидроцентралите ќе се загрози еколошката структура и биодиверзитетот во националниот парк. Најсилни се реакциите во соседна Албанија, од каде лично премиерот Еди Рама кај себе ги повика македонските министри за економија и за животна средина за да им каже дека проектот не може да се реализира без согласност од Тирана. Премиерот Никола Груевски вчера се обиде да ги смири реакциите со изјава дека енергетскиот проект се работи во соработка со Светска банка, а оваа институција нема да дозволи тој да се реализира без претходен елаборат за влијанието врз животната средина.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“