19 Април, 2024
0.0263

M6 Едукативен центар - официјален партнер на Адижес Институтот

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

M6 Едукативниот центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија за новата Adizes Online програма. Adizes Online е целосно дигитализирана програма со онлајн содржина која се стреми кон развивање на вештини и континуирано учење, според основите на методологијата на Адижес, а обезбедува бројни обуки како што се: Управување со животниот циклус на организацијата, ДНК на организацијата, Лидерски стилови, Како да се имплементира одлука, Водење на лидерите, Формулата за успех во секоја организација и други.

Преку партнерството со престижниот Адижес Институт, М6 Едукативен центар се профилира како предводник на трансформацијата на организациите и на општеството во целина, во земјава и регионот.

Со следење на онлајн програмата преку М6, се добива пристап до повеќе од 300 часа предавања, електронски книги, квизови и задачи преку кои ќе може да се совладуваат темите кои се обработуваат, а програмата овозможува и вмрежување и дискусија со останати нејзини корисници. Обуките се достапни на индивидуално и на ниво на компанија, при што одговорните лица можат да го следат напредокот на своите вработени и имаат можност за директни консултации со Адижес Институтот.

По успешно завршување, корисниците на програмата се стекнуваат со престижен сертификат од Адижес Институтот.

Адижес Институтот еводечка консултантска организација од областа на менаџментот, рангирана од страна на Executive Excellence меѓу десетте најдобри консултантски куќи во светот. Институтот е основан во 1971 година и од тогаш соработува со бизнис лидери од сите индустрии во светот, овозможувајќи им да се справат со клучни предизвици во раководењето на компаниите и организациите и да ги идентификуваат своите потенцијали и можности. Во својата богата историја Институтот има работено и со „Fortune 500“ компании и со старт-апи. Основач на Институтот е проф. д-р Исак Адижес, роден во 1937 година во Скопје. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во Америка. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји.

M6 Едукативниот центар е водечка институција во земјава за трансформации и општествен развој која преку врвни програми за образование, иновации, креативност и култура во професионалниот и секојдневниот живот поттикнува предизвици за развој и промени за постигнување на извонредност и успех во работењето.  

Сите заинтересирани ќе може да добијат повеќе информации и да се пријават преку веб-страницата на М6 Едукативен центар, www.m6.edu.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ