05 Декември, 2025
0.0309

Maggi – најдобар светски бренд

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2013 13:38

Добивај вести на Viber

Брендот на компанијата Nestlé – Maggi, е прогласен за најдобар светски бренд во прехранбената индустрија, со асортиманот инстант-супи, коцки за супи, сосови, мешавини за приготвување јадења и нудли, покажа истражувањето на „Кантар вордпанел“ (Kantar Wordpanel), водечка светска агенција за истражување на пазарот. Брендот Knorr на Unilever се најде втор на списокот најдобри брендови, а третото место го зазеде брендот Lay на PepsiCo.   Со анализирање на навиките на потрошувачите во 32 земји, аналитичарите дошле до заклучок кој бренд е најдобро рангиран меѓу повеќето избрани светски производи на стока за широка потрошувачка (FMCG). Агенцијата „Кантар вордпанел“ го спроведе првото глобално истражување врз основа на рангирањето на стоковните марки за широка потрошувачка со помош на новата метрика Consumer Reach points. Со оваа метрика се следи однесувањето на потрошувачите така што се бележи бројот на домаќинства што купуваат определен бренд, како и зачестеноста на нивното купување.   Најголемиот раст Maggi го забележа во Азија, кон што, според мислењето на агенцијата „Кантар“, придонесе успехот на Maggi инстант-нудлите во Индија. Иновацијата исто така имаше удел во успехот на брендот Maggi, со оглед на тоа што во Кина е лансиран нов производ Maggi течни зачини (Maggi Liquid Seasoning), во Малезија Maggi нискокалорични нудли (Maggi low fat noodles), додека на пазарот на Индија се пласирани Maggi Vegetable Atta – нудли од цело зрно со зеленчук.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј