Маѓар: Унгарија се откажа од две третини од својата земја, Украина може од една петтина
Објавено во: Свет 30 Септември, 2025 09:47
Унгарскиот заменик-министер за надворешни работи, Левенте Маѓар, предложи Украина да размисли за откажување од една петтина од својата територија, наведувајќи го „отстапувањето“ на две третини од својата територија од страна на Унгарија заради мир по Првата светска војна.
За време на предавањето во Париз, Маѓар се осврна на Тријанонскиот договор од 1920 година и териториите што Унгарија ги загуби по Првата светска војна, предлагајќи Украина да дејствува на сличен начин за да постигне мир.
Тој вели дека Унгарија во тоа време била на губитничката страна и имала само две опции: или повторно да се вооружи и да изврши колективно самоубиство или да прифати мировни услови, дури и ако тоа значело губење на две третини од земјата.
Маѓар вели дека владата во тоа време ја донела единствената разумна, иако трагична, одлука.
„Дали беше болно? Секако дека беше. Сега Украина ќе мора да се откаже од една петтина од својата територија. Не велам точно што треба да направи Украина, само нашето искуство покажува дека мирот понекогаш може да биде болен. Прашањето е што е поважно, зачувувањето на земјата или задржувањето на неколку илјади квадратни километри“, рече Унгарецот.
Заменик-министерот за надворешни работи додаде дека ризикот од ескалација и ширење на војната се зголемува со секој изминат ден.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




