„МАГНА“ ГРАДИ ФАБРИКА ВО ШТИП: Ќе има над 600 вработувања и плати над државниот просек
Објавено во: Економија 11 Мај, 2023
Канадска „Магна“ почнува со изградба на фабрика во Штип. Фабриката произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“.
Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип се обратија на означувањето на почетокот на градежните работи на нова фабрика, која е инвестиција на „Магна Мехатроникс“.
„Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга“, информираат во Владата.
Ковачевски изјави дека ова е јасен сигнал дека Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за нови инвестиции.
„Технолошко-индустриските развојни зони се моторот на нашата економија, а компаниите како „Магна Мехатроникс“ се компании кои го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП, туку и меѓународното реноме на нашата држава“, рече Ковачевски.
Тој ги спомена и последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“.
„Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните“, рече Деспотовски.
Тој кажа дека со оваа инвестиција се обезбедува пристоен живот за најмалку б00 граѓани од овој регион. Тие ќе примаат плати 20 отсто над државниот просек.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.