17 Јануари, 2025
0.0315

Мајка со запалена цигара го предизвикала пожарот на Детската клиника

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Синоќешниот мал пожар на Клиниката за детски болести во Скопје, кој предизвика паника меѓу персоналот и родителите чии деца се хоспитализирани, всушност бил предизвикан од несоодветно изгасната цигара, покажа истрагата. Мајка, чие бебе било хоспитализирано како итен случај на болницата, пред да го дои своето дете запалила цигара во оставата иако пушењето во овој објект не е дозволено. На излегување, цигарата добро не ја изгаснала, од што избувнал пожарот, кој предизвика помала материјална штета. Според истражните органи, станува збор за малолетна девојка од Шуто Оризари, со која истражителите веќе разговарале. „Со брза интервенција на екипите за противпожарна заштита, пожарот веднаш беше изгаснат. Децата сместени на Клиниката во ниту еден момент не беа во опасност“, изјави вчера за Фактор командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Благоја Менковски.

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете