„МАЈКА ТЕРЕЗА“ УДАР ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СИСТЕМ: Судентите од „Штул“ револтирани!
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Студентите од Универзитетот на Југоисточна
Европа познат како Штулов Универзитет се револтирани
од игнорантскиот однос на надлежните кои
како што велат сакаат по секоја цена да ги спроведат политичките одлуки за формирање и делување на
новиот универзитет “Мајка Тереза” но на
туѓ терен. Реагираат дека со спојувањето на
универзитетите се врши дискриминација по финансиска основа и се урива
квалитетот на воспоставените стандарди.
Емир Куртиши од Студентскиот Парламент на УЈИЕ, за Фактор вели дека надлежните не требаше да превземат ваков чекор без притоа да ја консултираат академската заедница која ги вклучува и студентите. Потребата за формирање на нови универзитети во услови кога постоечките кубурат со кадар и студенти според него има политичка заднина.
“Во моментов во Македонија во ова ситуација, мислам дека немаше потреба за нови универзитети бидејќи ние претходно го имавме Тетовскиот Универзитет, каде што се покриваше подрачјето на Скопје, кадешто фалеа објекти за настава и квалитетен образовен кадар. Но до сега не ми било јасно, зошто толку брзо и без предупредување го затворија, пред уписите и сега зошто ја трошат сета енергија за да почне со работа универзитетот во основање „Мајка Тереза„? Значи, слободно можеме да кажаме дека ова има политичка заднина и универзитетот „Мајка Тереза„ е континуитет на Тетовскиот Унверзитет или е створен како таков да го превземе Универзитетот на Југоисточна Европа, со сите негови овјекти, кадри и насоки. Се молам да сум во грешка да не е така, да има многу успех во работата оваа новоотворена универзитетска институција. овој универзитет ќе им служи како аргумент на политика сега пред избори. Значи пак ќе ја напоменам дека нашите протести беа поради мешањето на политиката со обрзованието, а таму каде што има политика, се има само образование нема“- објаснува студентот Куртиши.
Според студентите, на УЈИЕ мора да се заштити Автономијата и високите стандарди кои ги нуди Штуловиот универзитет на кој веќе функционираат Факултетот за современи науки и технологии, Факултетот за јазици, култури и комуникација, Правниот факултет, Факултетот за јавна администрација и политички науки, Факултетот за бизнис и економија. Новиот универзитет „Мајка Тереза“ велат нема елементарни услови за функционирање, просторни ниту кадровски капацитети. Целата идеја, реагираат студентите, без концепт останува да виси во воздух. Претходно, дел од експертската јавност реагираше дека нема потреба од нови универзитети, посочувајќи дека има недостиг и на студенти и на наставен кадар.
“Можеби само со уписи на студентите на Универзитетот во основање „Мајка Тереза„ не ја ставаат во прашање автономијата на Универзитетот, но ако има обединување или претопување на двата Универзитета тогаш ќе биде подобро кажано, ребрендирање на Универзитетот на Југоисточна Европа и безскрупулозно навлегување во аутономијата на Универзитетот со што ја става во прашање. Ние како студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, излеговме и го изразивме нашето незадоволство, нашиот револт, пораките или подобро кажано причините поради кои дојде до овие протести . А, тие се јасни: има дискриминација по финансиска основа која ќе се врши со користењето на нашиот објект, со исти услови за студирање. Проблематиќна е заштитата на автономијата и на самиот бренд на Универзитетот, како и задржување на високите стандарди на образование кои ги нуди нашиот Универзитет. Нашите пораки се да се почитуваат нашите права и нашата волја бидејќи ние кога се запишавме, се запишавме во Универзитетот на Југоисточна Европа, а не во Универзитетот во основање „Мајка Тереза„- објаснува студентот по право.
Поради гласно изразениот револт кон идејата за новиот универзитет “Мајка Тереза” деновиве како што вели Емир Куртеши имало обиди за замолчување и притисоци, но студентите според него се свесни за општата политичко -економска состојба и потенцира дека нема сила која ќе ги сопре во нивните напредни идеи за подобро утре.
“Објектот каде е поставен Универзитетот, е скромен, но до некаде ги исполнува условите со кои се приближуваа со Европските стандарди, но нема место и услови и за студентите на новиот Универзитет. Но ако имаме обединување или претопување на двата Универзитета, оценувам дека секако ќе има влијание на квалитетот и знаењето. Знаејќи какви професори или наставен кадар ни носи политиката, чисто се сомневам во квалитетот“- потенцира Куртеши.Севкупниот процес на образованието како што вели е во склад со можностите на буџетот кој се извојува за високото образование. Во иднина тој себеси се гледа како успешен правник кој би ги бранел човековите права и слободи. Во земјава додава, се потешко се доаѓа до работно место, а малдите кои имаат каде да избега ја напуштаат од објективни причини. Затоа порачува Куртиши дека борбата не смее да престане, туку да почне онаму кадешто ќе продолжат да се борат за своите права со сите дозволени стредства.
Новиот универзитет „Мајка Тереза“ нема свој објект и ќе функционира во објектот на Универзитот на Југоисточна Европа. Уписот на студентите се уште трае.Деновиве околу 200 студенти потпишаа петиција против делење на факултетските простории за потребите на „Мајка Тереза“, но министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу им порача дека е подобро да се прифатат едни со други, во знак за поддршка на новоформираната образовна институција.
С.Б.