Мајки продавале бебиња за 18. 000 евра
Објавено во: Балкан 07 Август, 2018
Во Грција се приведени девет лица за кои постои сомневање дека продавале новороденчиња на парови кои не можеле да имат деца.
Апсењето следи по тајна операција, во која двајца полицајци глумеле дека се пар и дека сакаат да купат бебе. Грчката полиција истакнала дека бебето кое требало да го земат полицајците, им го нуделе по цена од 18. 000 евра.
Акцијата била спроведена во петокот во Атина и меѓу приведените биле една бремена жена и четири Бугарки, кои се породиле неодамна.