Македонска сага: Факултетите на Тетовски универзитет се во дивоградби
Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2018 07:10
Нема доволно наставен кадар, повеќето од факултетите се во објекти кои се дивоградба, а на Универзитетот нема лице кое врши јавни набавки. Серија недоследности открива Државниот завод за ревизија во последниот извештај за работата на Државниот универзитет во Тетово.
Според наодите, на бесправно изграден објект функционира дисперзираниот дел од Универзитетот кој се наоѓа во Кичево на локацијата Касарна Чеде- Филиповски Даме. Иако била почната постапка за легализација таа не била никогаш завршена. Ревизорите истото го констатираат и за објектот на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана во Гостивар. Постапката за легализација е во тек и за објектот на Факултетот за Уметности кој е сместен во Мала Речица, а Факултетот за природни математички науки бил изграден на место кое го поседуваат неколку приватни лица.
Во сопственост на Министерството за образование и наука е објектот во универзитетскиот комплекс во Тетово каде се сместени Економски и правен факултет, но според ревизорите, овој објект нема одобрение за употреба.
Во извештајот стои дека Медицинскиот факултет е во ЈЗУ Општа болница Тетово, но дека и покрај договорот, дел од просториите уште не му биле отстапени на Факултетот.
Ревизијата забележува и што на Универзитетот има материјална, но не и сметководствена евиденција на материјалите што се купуваат и не се прави попис на залихите.
На Универзитетот нема лице со положен испит за јавни набавки.
„Утврдените слабости во примената на Законот за јавни набавки не обезбедуваат транспарентност, фер конкуренција и објективност при изборот на понудувачите што создава ризик од нерационално и неефикасно искористување на средствата, стои во извештајот.
Рекотор на Универзитетот од 2013 година е Вулнет Амети.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





