16 Декември, 2025
0.0467

Македонци на работа во Чешка: Викендите слободни, платите добри

Објавено во: Економија 03 Септември, 2019 06:56

Добивај вести на Viber

Чешка има само 2.1 отсто невработеност, покажуваат податоците на Евростат, што значи дека има осум пати помалку невработени од Македонија. Таа е лидер во ЕУ.

Maкедонците своите вештини и знаења успеваат да ги продадат и на чешкиот пазар на труд. Работа наоѓаат преку посредници. Се бараат градежници, општи работници, заварувачи, а од работен час на почетокот се заработуваат по 5 или 6 евра, зависно за кој профил се работи.

„За година дена во Чешка се отворија многу нови фабрики, има нови работни места, а таму скоро сите се вработени, и затоа соработуваат, бараат работници од Македонија, Србија, Украина. Чешка е 7- ма најсигурна и 30-та најбогата земја. Се заработуваат плати од 1.200 до 1.500 евра. Се разбира дека не сме на исто ниво со нив. Се работи од понеделник до петок, за викенд работниците се слободни, а ако работат пулс, тоа се доплаќа“, вели посредник од Македонија кој води работници во Чешка.

Втора на листата со најмалку невработени зад Чешка е Германија каде стапката е 3 отсто.

„Германија како што знаете има ниска невработеност и на Македонците им е предизвик да работат во таа земја, затоа што немаат друг излез. Нормално дека платите ги влечат, сите заминуваат поради парите, а не за да градат кариера таму. Имаме заинтересирани за работа во Германија од сите возрасни групи“, велат од агенција за посредување при вработување во странство од Западна Македонија.

Данска и Естонија имаат по 4.6 отсто невработеност.

Јужниот сосед е на дното во еврозоната и има 17.2 отсто невработеност. Нешто подобри се Шпанците со 13.9 отсто. Италија има 9.9 отсто, а Франција 8.5 отсто невработеност.

Македонија има скоро два и пол пати повеќе невработени во однос на еврозоната, каде стапката на невработени според најновите податоци на Евростат изнесува 7.5 отсто, додека во Македонија невработени се 17.8 отсто од населението.

Во однос на регионот и пошироко нашата земја има висока невработеност.

Ова го покажуваат статистичките податоци. Додека Македонија се бори со висока невработеност, дел од земјите од Западен Балкан грабаат напред.

Одредени народи од Балканот како Словенците, Бугарите, Романците драстично ја намалија невработеноста и можат да се пофалат со ниска стапка на лица без работа. Во Полска невработеноста е 3.3 отсто, во Малта и Холандија 3.4 отсто, а високо котираат и Унгарија со 3.5 отсто, Британија со 3.8 отсто, Романија со 3.9 отсто, Австрија 4.4 отсто, додека Словенија и Бугарија имаат 4.5 отсто невработеност.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност