Македонци потрошиле 288 милиони евра со картичките во странство
Објавено во: Економија 19 Јуни, 2020
Пандемијата со Ковид- 19 го затекна светот, ги погоди здравствените системи на земјите, но предизвика и економска криза чии последици се се уште несогледливи. Границите се затворија, во речиси цел свет и тоа го ограничи движењето – од тој аспект Македонија се уште е во лоша позиција. Граѓаните не можат да патуваат слободно. Податоците за трошењата на Македoнците надвор, што по молови таму, што преку интеренет се уште не се познати. Народната банка ги објави најновите за лани, според кои само за една година Македонци надвор потрошиле речиси 288 милиони евра. Од овие најголем дел се пари кои се поминати на физички места запродажба односно по дуќани, додека помал дел се виртуелни трансакции преку интернет. Најголема сума од оваа пак е потрошена во Унгарија.
Фактор направи анализа за вкупните плаќања со македонски картички во странство. Според податоците тие 288 милиони евра се направени со над осум милиони трансакции или точно со 8. 366.358 трансакции. Од нив над 4,7 милиони трансакции се направени на физички места за продажба односно на постерминали. Во толку трансакции Македoнци потрошиле над 163,5 милиони евра. Тоа се пари кои впрочем се поминати во некои трговски центри, дуќани, за летувања, зимувања...
На интернет во текот на целата година Македoнците потрошиле над 100 милиони евра. Нивните картички ги поминале во нешто над три милиони трансакции. Од вкупната сума на плаќања во странство од нашинци, дел отпаѓаат на повлекување на готовина од банкомати, иако сепак овој дел е најмал. Во текот на целата година во 193.618 трансакции сме повлекле од странски банкомати околу 23,8 милиони евра.
Ако се споредува по години, вкупната сума која ја трошиме надвор расте. Така во 2018 година вкупната сума на потрошени пари надвор со картички кои се издадени во земјава изнесува 246 милиони евра, а во 2017 година е 217 милиони евра.
По земји во текот на минатата година со наши картички најголема сума потрошена е на резиденти од Унгарија. Имено таму сме потрошиле речиси 30 милиони евра. Следува Грција со 29,1 милион евра, па Обединетото кралство со околу 29 милиони евра.
Податоците за оваа година може не бидат доста паднати со оглед на тоа што доста од продажбите секако се прават на интернет, но ако не се отворат границите оваа година може да е дебакл.
Александра Томиќ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.