17 Декември, 2025
0.1307

Македонци за 300 евра од квадрат купуваат станови во околината на Солун

Објавено во: Економија 22 Јули, 2013 19:01

Добивај вести на Viber

Во грчка Переа, станови крај море се продаваат и по 300 евра за квадрат, пишува весникот Нова Македонија.  Предградието од Солун е оддалечено дваесетина километри,  по широк и отворен пат што се поминува за околу 15 минути со автомобил, а се наоѓа на самиот брег од Солунскиот Залив. Додека кризата ја тресе Грција, Переа е едно од местата близу Солун што се нов хит меѓу Македонците за купување евтини станови покрај море,  тврдат посредниците во трговијата со недвижности. Со малку среќа може да се купи стан и за 300 евра за квадрат. „ Цените на станбениот квадрат никогаш не биле олку ниски во последниве децении. Поевтино отсега било само во времето на германската окупација во Втората светска војна, за кога се вели дека можело да се добие стан во замена за две канти масло за јадење“, вели еден солунски адвокат што посредува во купопродажбите на имотите.Според него, во 2006 година се продал стан од 120 квадратни метри во првата линија на кејот на Солун, со поглед на море, за 1,5 милион евра. Цели дванаесет и пол илјади евра за квадрат, „холивудска“ цена каква што Скопје и Македонија не можат ни да замислат. Пред неколку месеци стан со слична големина на тоа место бил купен за 350 илјади евра. Речиси петпати помала цена за седум-осум години. На периферијата на Солун има станови за 600, 700, 800 евра за квадрат, како да се во некој поголем град во внатрешноста на Македонија, а не на плажа и веднаш до Солун. Со малку среќа, може да се начекаат цени во солунската околија слични на тие во Македонска Каменица и во Демир Хисар, пишува весникот. „Неодамна една скопјанка купи два стана од по 35 квадратни метри во Переа за 24 илјади евра. А даночната основица им беше пресметана на 48 илјади евра! На луѓето им беше итно да ги продадат, па ѝ ги дадоа за двојно помалку пари од процената. Може да се начекаат и такви ситуации, но треба да се има среќа, тоа е како на лотарија“, додава адвокатот. Станови од 40 до 50 квадрати овде се продаваат по цени од 28.000 до 35.000 евра. „Денес во Грција градењето нова куќа би ве чинело околу 2.500 евра за квадрат. Тоа е за да го купите земјиштето, да набавите материјали и да платите градежници за да ви ја изградат. Наместо тоа, можете да купите стан стар десетина години, значи во солидна состојба, за околу 700 евра за квадрат“, пишува Нова Македонија. Ако решиме да купиме стан, можеме и да избираме колку соседи сакаме да имаме од Македонија. Посредниците тврдат дека ако сакаме можат да нѐ сместат и во „скопски“ маала, каде што ќе има и други скопјани.  Не знаеја бројки за тоа колку Македонци купиле станови, но велат дека нашите се меѓу најзаинтересираните, заедно со Бугарите, а нешто помалку заинтересирани се и Србите.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас