24 Април, 2024
0.0334

МАКЕДОНЦИТЕ НА ЗИМУВАЊЕ ВО СОСЕДСТВОТО: Што е со нашиот зимски туризам?

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани со години за зимување одбираат дестинации во соседството, а помал е бројот на оние кои одат на скијање во земјава.

Од туристичките агенции велат дека граѓаните ја бираат Бугарија поради прифатливите цени, но и богатата понуда. Србија е помалку атрактивна, а македонските зимски туристички центри поретко се опција. Дел од агенциите прават тури на еден ден до Маврово, Попова Шапка, Пониква.  Со тоа посетеноста на домашните туристички центри е поголема за време на викендите.

„Граѓаните најчесто одат на зимување во Бугарија, во Банско и Боровец. За зимување во Србија интересот е слаб. За Македонија скоро и да нема интерес, затоа што немаме развиен зимски туризам, и инфраструктура, а друг фактор е тоа што во соседна Бугарија цените се пристапни“, велат од туристичка агенција.

Природна убавина има, но дали тоа  е доволно?

„Бев во декември лани во Маврово, убаво е, чисто. Јас би зимувала во Македонија, затоа што уживам во шетање. Обично одам на места каде има знаменитости и атрактивни места. И во Македонија има многу убави места, Пелистер, Маврово, Шапка, Крушево“, изјави Анета Стефановска, граѓанка.

Жителите на Крушево велат дека треба да се работи многу повеќе за да градот блесне во полн сјај.

„Убаво е, ама треба да се инвестира уште многу и тоа во многу работи, за да можеме да го понудиме Крушево во најдоброто светло. Исто така со реклама се многу слаби, треба многу промоција“, раскажува млада крушевчанка.

Биљана Пејоска Ристеска, извршен Директор на Стопанска Комора за Туризам на Македонија вели дека  кога би сакале да го дефинираме постоењето на зимскиот туризам и неговиот развој како посебен облик на туризам во Македонија, тогаш тоа би го направиле во една реченица „Голем потенцијал, мала искористеност.

„Причината е во тоа што туристичката понуда и побарувачката веќе со години наназад се во расчекор. Минималните инвестиции кои се прават  во инфраструктурата, хотелско сместувачките капацитети како и дополнителните содржини кои би биле неопходни за целовитост на понудата ги нема. Туристите кои патуваат во зимските центри тоа го прават најчесто поради рекреативно користење на зимските спортови за кои треба посебни услови опфаќајќи терени, безбедни жичници и посебна опрема. Тоа значи постојана инвестиција со оптимални можности. Туристите кои патуваат поради чистиот воздух и различна околина најчесто бараат солидни услови за престој. Сместувачките капацитети во зимските центри во Македонија се со минимална содржинска понуда која може да Ве задржи не повеќе од еден или два дена. Ако знаеме дека цената е генератор на потрошувачката, во вакви услови секогаш ќе констатираме дека е висока. Затоа се почесто од страна на туристичките агенции во Македонија се нудат еднодневни програми за посета на домашните зимски центри со прифатливи цени“, додава таа.

Aко ги погледнеме статистичките податоци од Државниот завод за статистика, во ноември лани на планинските места имало 4.859 туристи, од кои 3.606 домашни и 1.253 странски.

Тие реализирале вкпно 7.728  ноќевања, од кои ноќевања на домашни туристи се 5.921 и 1.807 се ноќевања на странски туристи.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес