29 Септември, 2024
0.0257

Македонците најмногу летуваат – дома!

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Околу 37 проценти од Македонците што лани заминале на годишен одмор, тоа го сториле во сопствената земја, pокажува најновото истражување на Евробарометар. Околу 17 проценти Македонци својот главен одмор го минале во Грција, седум проценти во Германија, шест отсто во Бугарија, пет проценти во Италија, три отсто во САД или Канада, два отсто во Словенија и Австрија, само еден процент во Хрватска и Шведска. Во однос на услугите што ги користеле на одмор, најмногу - 43% од Македонците се претплатиле на оброк или други услуги таму каде што биле, но не на т.н. ол-инклузив варијанта, во која уживале само 22 проценти од нашите сограѓани. Само шест проценти од македонските граѓани кои заминале на одмор се пожалиле на услугите добиени каде што престојувале. На прашањето која била главната причина што лани заминале на одмор, 60 проценти од македонските испитаници одговориле поради сонце и плажа, но 53 отсто посочиле и заради спа, велнес и здравствен третман, 39 отсто од Македонците заминале да посетат роднини или пријатели, 42 проценти се одлучиле одморот да го минат на планина или езеро, 21 отсто патувале од културно-религиозни причини, а 19 проценти за да посетат конкретен град. Според истражувањето, 44 проценти од Македонците би се вратиле на истото место каде одморале поради воодушевеноста од изгледот и одличното време, 32 отсто заради сместувањето, 30 проценти заради културно-историските атрактивности и 35 проценти поради поволната цена. Македонците се меѓу процентно најбројните кои местото за одмор го избираат по лично искуство, и најмногу во Европа бараат сместување на лице место, без претходна резервација. Според соопштението на Евробарометар, туризмот е едно од упоришта на европската економија за време на економската криза и позитивниот тренд ќе продолжи и годинава со само 11 проценти од европејците кои не планираат да патуваат надвор од својата држава или да одат на годишен одмор. Топ 5 дестинации за одмор на ЕУ остануваат непроменети од 2012 година и тоа се: Шпанија (15 отсто од Европејците заминале таму), Франција (11 проценти), Италија (10проценти), Германија (7проценти) и Австрија (6 проценти). Испитаниците во Грција, Хрватска, Италија и Бугарија во најголем дел посочиле дека одморите ги минале во својата земја, додека испитаниците во Луксембург и Белгија во најголем дел патувале во друга земја на ЕУ.  

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија