Македонците наскоро само со лични карти низ цел Западен Балкан
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2018
Македонските државјани наскоро ќе можат да патуваат без
пасоши, односно само со лични карти низ цел Западен Балкан, откако Собранието
го објави указот за ратификација на спогодбата за условите за патување помеѓу БИХ
и Македонија.
Спогодбата ќе влезе во сила по истекот на 30 дена од приемот на последното известување дека законските услови се исполнети.
Со тоа македонските државјани ќе може да патуваат само со лични карти во Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.
Само со лична карта ќе може да се престојува во БИХ максимум 90 дена во период од 180 дена
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.