Македонците не штедат на странска храна и пијалаци, расте извозот ама уште повеќе расте увозот на стоки во земјава!
Објавено во: Економија 27 Јули, 2013 08:39
Анализирано по земји, Македонија најмногу извезува во земјите од Европа, особено во Германија, Бугарија и Србија. Најмалку македонски производи завршуваат на пазарите во Австралија и Нов Зеланд. Во однос на увозот, производите од Европа имаат најголемо учество, каде статистиката во 2001 година споредено со 2010 година регистрираше значителен пораст.

По категории, Македонија и понатаму останува увозно зависна од храна , особено од месо и преработки од месо, млеко и млечни производи, жита и преработки од жита. И покрај тоа што кај овие категории за 2011 година споредено со 2010 година е забележан пораст на извозот, сепак не запира ниту порастот на увозот на храна и живи животни, кој пред речиси две години изнесувал 6,7 милиони долари. Веднаш зад храната е увозот на суровини за индустријата, минерални горива, машини и друго. Еве само дел од производите што се извезуваат и увезуваат во Македонија.

Во 2011 година најмногу е увезено храна и живи животни од Србија, Бразил, Хрватска, Словенија, Грција, Турција, Германија, Италија. Од Русија и Бугарија најмногу се увезувале минерални горива и мазива, пијалоци и тутун од Италија, Србија, Романија, Британија, од Франција, Германија, Кина , Америка, Словенија, Британија, најмногу се увезувале хемиски производи. Според статистичките податоци во однос на извозот, најголем дел од македонските производи од категоријата храна и живи животни најмногу завршиле на пазарите во Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Хрватска , Италија.
Стоковата размена со земјите од еврозоната бележи пораст. Благо зголемување има на ивозот кој во 2011 година изнесувал 2,7 милјарди долари, што е повеќе од 2010 година кога вредноста била околу 2 милјарди долари. Статистиката регистрирала зголемување на увозот од земјите членки на Европската Унија. Така ако во 2010 година увозот бил 2,9 милјарди долари, во 2011 година се искачил на над 3,8 милјарди долари.
Ј.С
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




