23 Јануари, 2025
0.0384

МАКЕДОНЦИТЕ ОСТАВИЛЕ 16 МИЛИОНИ ЕВРА ВО СРБИЈА И ТОА САМО ВО ЈАНУАРИ ГОДИНАВА: Нашинците се трети по број туристи кај нашиот северен сосед

Објавено во: Финансии, Македонија, Балкан 27 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Српски Телеграф, објави анализа за посетата на Македонците во Србија, кои, по се изгледа се едни од најчестите гости во оваа земја.

„ Во јануари годинава македонските туристи „оставиле“ најмногу пари во Србија, односно потрошиле 16 милиони евра. Според податоците на Туристичката организација на Белград, туристите од Македонија биле трети по бројот на пристигнувања во јануари годинава.

- Белград со раширени раце ги пречекува гостите од регионот, а особено добредојдени се гостите од  Македонија - изјави помошникот директор на белградската туристичка организација Слободан Унковиќ по повод промоцијата на ТОБ во Скопје.

На настанот, белградската туристичка организација промовираше настани по повод претстојните новогодишни празници во Белград, како што е „Белградска зима“, за која туристите од  Македонија се исклучително заинтересирани.

За време на промоцијата за помалку од два часа беа потпишани над 60 договори меѓу белградските хотелиери и македонските туристички агенции.

Амбасадорката на Србија во Скопје, Невена Јовановиќ, најави дека  Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград.

На презентацијата на Белград присуствуваа и претставници на здружението на Србите СПОНА, како и директорот на Македонската агенција за развој на туризмот Љупчо Јаневски, кој најави заеднички проекти во рамките на Отворен Балкан.

Поради најавената изградба на модерна пруга од Ниш до Скопје, на промоцијата на Белград се приклучија и ТО Ниш и „Планинка“, како и „Планинка“ која ја промовираше Куршумлијската бања, со оглед дека акцентот беше ставен на новоотворените хотели.“ пишува порталот.

Телеграф, рс


Можеби ќе ве интересира

ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕ ЗЕМА 28 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД КОЛЕГА ВО ХРВАТСКОТО – опозициската Левица бара законски измени

ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕ ЗЕМА 28 ИЛЈАДИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД КОЛЕГА ВО ХРВАТСКОТО – опозициската Левица бара законски измени

Банките додаваат „ветар во грб“ на финансиските пазари

Банките додаваат „ветар во грб“ на финансиските пазари

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини - од тинејџерска шега до општествен феномен

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини - од тинејџерска шега до општествен феномен

ДАНОЧНА ИЗМАМА ТЕШКА НАД 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ - финансиска полиција гони компанија од Скопје, еве ги деталите

ДАНОЧНА ИЗМАМА ТЕШКА НАД 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ - финансиска полиција гони компанија од Скопје, еве ги деталите

ГОДИНА ВО КОЈА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАУЧИЈА ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, И ДОБРО ИМ Е - лани раст на граѓанските влогови во домашна валута за 634 милиони евра

ГОДИНА ВО КОЈА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАУЧИЈА ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, И ДОБРО ИМ Е - лани раст на граѓанските влогови во домашна валута за 634 милиони евра

КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени

ПЛАТЕНИ СЕ 716 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1,17 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА УНИ БАНКА - кој е купувачот во двата блока

ПЛАТЕНИ СЕ 716 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1,17 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА УНИ БАНКА - кој е купувачот во двата блока

ПАРА НА ПАРА ОДИ: Најбогатите станаа уште побогати, еве за колкава сума

ПАРА НА ПАРА ОДИ: Најбогатите станаа уште побогати, еве за колкава сума