МАКЕДОНЦИТЕ СЕ РЕКОРДЕРИ ВО ПУШЕЊЕ ЦИГАРИ: Oваа навика го намалува апетитот и му штети на организмот
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2023
Македонците се нација со голем број пушачи. Половина од Македонците кои пушат цигари се млади до 15 години. 45,4 отсто од македонското население се пушачи, а според последните анализи на Аналитика тинк-тенк 12,4 отсто од нив се млади од 13 до 15 години. Нутриционист Ирина Лазарова вели дека пушењето го намалува апетитот и штетно влијае на организмот.
„Пушењето освен што само по себе си носи низа на здравствени ризици, најмногу се поврзува со проблеми со тежината и сo внес на нездрава храна бидејќи пушачите имаат поголема желба за внес на храна која има висока содржина на масти, како и брза храна. Пушењето го намалува апетитот и го зголемува чувството на ситост во организмот. Никотинот кој е составен дел од цигарите е всушност тој кој влијае на мозокот и на централниот нервен систем и го потиснува апетитот, додека јаглерод моноксидот и катранот како дел од цигарите се оние кои наштетуваат на нашето здравје и може да предизвикаат болести на дишните патишта и срцеви заболувања, па и рак. При пушење, цигарите емитираат гасови и честички од катран кои се оксиданси и прооксиданси, способни да создадат слободни радикали. Бидејќи витаминот Е, витаминот Ц, Бета каротен и селенот се вклучени активно во клеточна одбрана како антиоксиданси кои влијаат врз уништување на слободните радикали, кај пушачите се јавуваат намалени нивоа на витамин Ц и бета каротен во крвната плазма. Кадмиумот кој исто се наоѓа во цигарите, го намалува дејството на селенот, а кај пушачите освен ова ниски нивоа се јавуваат и на витаминот Е. Нутритивниот статус на пушачите е најчесто послаб заради неадекватната исхрана поради намалениот апетит“, додава нутриционистот.
Вели дека студиите покажале дека пушачите не се хранат со многу овошје и зеленчук, а всушност тоа се најголемите извори на витамин Ц и бета каротен кои се намалуваат во телото при пушење.
„Пушачите исто имаат повисок ризик од заболување од остеопороза бидејќи се пријавени и ефекти на намалена апсорпција на витамин Д. За да се избориме против ова, потребна е здрава и разновидна исхрана со многу зеленчук и овошје која со намален апетит потешко се внесува. Заклучокот е дека потребно е да се одвикнете од пушењето или барем да го намалите за да може апетитот нормално да функционира“, вели Лазарова.
Анализата покажала дека 30 отсто од младите започнуваат со пушење пред 14-тата година, а 80 отсто од нив не биле спречени кога купувале цигари.
Според истражувањето на тинк-тенк „Аналитика“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 отсто. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 отсто.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.