Македонците станаа хронични должници, се потешко ги плаќаат обврските
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2020
Повеќе од половина милион македонски државјани доцнеле со исплатата на разните обврски во 2019, според нотификацијата на Македонското кредитно биро по сумираните резултати за минатата година. Станува збор за 575.122 граѓани кои доцнеле со плаќањето на долговите за кредити, кредитни картички и трансакциски сметки со дозволено пречекорување, даноци, такси, придонеси, телекомуникациски услуги и услуги на дневно ниво, комунални сметки и други месечни фактури, акредитиви, лизинг и гаранции. Доцнеле и правните субјекти, а таквите биле 44.895 кои имале проблем со ликвидноста,
Тоа е многу поголема бројка од една година претходно. Во 2018 станува збор за 493.455 македонски граѓани кои не ги доплатиле редовно дефинираните обврски, што значи разлика од 80 илјади поединци повеќе во 2019. Ваквите задоцнети неплаќања се, условно кажано, стабилни кај фирмите и други правни лица и бројката е слична кога ќе се споредат двете години со разлика од неколку стотини.
Сепак фрапира разликата во вкупната сума на пари која се должела кумулативно. Поединците должеле безмалку 25,5 милијарди денари, додека фирмите, за кои веќе е познато дека се мачат со ликвидноста, должеле нешто повеќе од 40 милијарди денари. Разликата во ваквите задоцнети неплаќања за само една година е доста зголемена и кај физичките и кај правните лица. Во 2018 физичките лица должеле 13,2 милијарди денари, што значи двојно се зголемува, а кај фирмите износот е 34,4 милијарди. Се зголемува и просекот на денови во кои се должи.
Во базата на податоци се содржани податоци за вкупно 5.051.016 обврски на индивидуалци и друштва по основ на кредити, гаранции, акредитиви, кредитни картички, трансакциски сметки со дозволено пречекорување, финансиски лизинг,
даноци, телекомуникациски услуги, комунални давачки, такси, придонеси, фактури. Тоа се 700.000 обврски за плаќање повеќе, во однос на 2018 кога нивниот број бил 4.335.910
Во 2019 имало 380.407 македонски државјани кои имале обврски по основ на подигнати кредити и финансиски лизинг, додека бројот на фирми изнесува 12.960. На годишно ниво, околу 23.000 нови граѓани подигнале кредит, додека бројот на фирми се намалил за околу илјада.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.