Македонците во Австралија и Италија со поддршка „За заедничка Македонија“
Објавено во: Македонија 18 Март, 2017 11:51
Од македонската дијаспора од Сиднеј, Австралија велат дека иако се 20.000 км оддалечени од Македонија, сепак будно ја следат политичката ситуација и се длабоко загрижени за иднината на земјата.
Тие ја поддржуваат иницијативата „За заедничка Македонија“ и се против „Тиранската платформа“, воведување на двојазичноста, федерализација, промена на Уставот, знамето и химната.
„Ние не сме против другите народи што живеат во Македонија и ги повикуваме и тие да се приклучат во одбрана на она што ни го оставиле нашите татковци. Каде и да сме расеани во светот со мислите сме во родната земја, земјата на нашите браќа, сестри, татковци, дедовци и предедовци кои ги дале своите животи за Македонија. Македонија е библиска земја запишана во Библијата од Бога и никој нема право да ја отпишува, да се пазари за нејзиното име, нејзината химна, нејзиниот јазик и знаме. Никој нема право да ја федерализира и распарчува“ - велат Македонците од Австралија.
Поддршка стигна и од Македонците во Италија.
Во Македонија со денови има собири во повеќето градови против платформата на албанските партии.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




