05 Декември, 2025
0.0352

Македонец доби 25.000 евра за машина-берачка на вишни

Објавено во: Агробизнис 27 Август, 2018 11:46

Добивај вести на Viber

Меѓу првите одобрени пари од ИПАРД 2 програмата за македонските земјоделци е  инвестиција за набавка на автоматска берачка за вишни, вредна 50 илјади евра. Половината или 25 илјади евра по завршената реализација веќе му се вратени на инвеститоторот.

Од скоро 670 потпишани договори, стотина се веќе реализирани. Со Европскиот фонд се финансираат најмалку 50 проценти од инвестициите во земјоделството, а се очекува до крајот на годината да има нови јавни повици.

Почна користењето на ИПАРД 2 програмата. До платежната Агенција се пристигнати 107 барања за исплата, од вкупно 684-те склучени договори. 

Од нив најголем дел, или 666 се за инвестиции во земјоделските стопанства, за који што се потребни повеќе 6,2 милиони евра. Другите 29 договори се за преработка на земјоделски и рибни производи во вредност 6,1 милиони евра.

Сите кои се заинтересирани да  користат дел од ИПАРД парите, во наредниот период треба да ја посетуваат веб страната на платежната Агенција која ги објавува новите повици.

Европските пари од ИПАРД 2 може да се користи до 2023 година во вредност од 80 милиони евра, од кои 60 милиони се од предпристапните фондови, а другите од националниот  буџет.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?