09 Декември, 2023
0.0245

Македонецот е лидер во регионот за потрошувачка на цигари по најниска цена

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Република Северна Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Податоците на Аналитика покажуваат дека преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4%. За споредба во европските земји, преваленцата на пушење е далеку пониска – ЕУ просекот е 29%. Во Шведска таа изнесува 8.7 %,  во Грција и Бугарија  27%.

Аналитика тинк-тенк заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa спроведе големо регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот. Ова е една од првите студии во Северна Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите

„Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Северна Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа)“, објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика. Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест.

Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Северна Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот.

Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот.

Бојана Христовска од Аналитика објаснува дека само 11,9% од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом (не пушат дома), а пак кај 42,9% од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови (73,6%) и во рестораните (44,2%). Скоро сите пушачи (97%)  потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе. Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови (83,8 проценти). Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции (20,2 проценти) и во универзитетите и училиштата (13,4 проценти).

Таа додава дека вкупно 58,1% од возрасните во РС Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунски производи и пушењето се забранат со закон, а 55,7% од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето.

Од Аналитика препорачуваат Подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места. Покрај тоа, штетните ефекти на тутунот треба да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта. Развивање на ефикасни услуги за откажување од пушење и да се направат достапни и овозможени за сите пушачи. Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории, значително негативно влијаело врз потрошувачката на цигари, односно истата се намалила, при сите други фактори непроменети. Ова го потврдува фактот дека политиките за контрола на тутунот се важни детерминанти на потрошувачката на тутунски производи.

Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) - Институт за истражување и здравствена политика.

ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

Шпаркасе Банка: Кој прв до VIBE ON – CASHBACK?

Шпаркасе Банка: Кој прв до VIBE ON – CASHBACK?

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција

Тимот на „Макпетрол” ќе учествува на светската младинска карате лига во Венеција