03 Јули, 2024
0.0371

МАКЕДОНИЈА – ПОСЛЕДНА ВО РЕГИОНОТ ПО ПРИСТАПНОСТ ДО ЛЕКОВИ: Имаме најмалку регистрирани лекови

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Загрижувачки податоци денеска изнесе Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во однос на пристапноста до лекови на македонските граѓани. Претседателката на овој Комитет, Александра Ивановска информираше дека според направеното истражуивање, Македонија далеку заостанува зад неколку земји од регионот кога станува збор пристапност до лекови.

-Македонија има многу ниска покриеност со лекови споредено со неколку земји од регионот, кои се земени како референтни, а тоа се Бугарија, Словенија, Хрватска и Србија. Податоците покажуваат дека Македонија има 80 отсто помалку од овие земји, истакна Ивановска.

Кога станува збор за регистрирани молекули, што практично значи регистриран лек во земјата од одредена фармацвевтска компанија, споредено со дата базата на Европската агенција за лекови (ЕМА), која има дури 1028, Македонија едвај располага само околу 27 отсто. Конкретно во земјава се регистрирани само 278 молекули, а прв чекор лекот да стигне до пациентите е да биде регистриран во земјата, нагласи Ивановска.  

Таа истакна и дека од овој број само 66 вкупниот број регистрирани молекули се на позитивната листа на лекови.

-Загрижува и фактот што во Македонија позитивната листа на лекови не е ажурирана цели 14 години. Последното поголемо ажурирање беше направено во 2009 година. За разлика од нас, земјите во регионот, позитивната листа на лекови ја ажурираат на секои 6 месеци. За Црна Гора точно знам дека тоа се прави точно на 6 месеци, исто е и во Хрватска и во Бугарија, секако бидејќи тие се и чланки на Европската Унија, а во Србија оваа листа се ажурира еднаш годишно.

Токму поради ваквата состојба, Американската стопанска комора во земјава презема низа активности, а целта е, како што беше кажано на денешниот брифинг, да се изборат македонското здравство да биде високо во агендата на сите чинители во државата.

-Свесни сме дека не може ништо да се промени преку ноќ, но конкретно, еве за оваа тема, лековите, има фармацевтски компании кои аплицираат да се внесат лековите на позитивната листа. Целта ни е заедничка, а тоа пристап до квалитетно здравство, пристап до квалитетни лекови, терапија, превенција...Дебати и дискусии за овие прашања ќе се отворат на претстојната Конференција за здравство во организација на Американската стопанска комора во Македонија, која е втора по ред, а е наречена „Поглед во иднината на здравствените системи“.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови