06 Октомври, 2024
0.0308

Македонија 2025 ја поврзува Македонската дијаспора од Европа

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Денес, во Амбасадата на Македонија во Париз, започна Бизнис Форумот во организација на Македонија2025. Форумот е настан кој има за цел поврзување на бизнис заедниците од двете земји и пошироко од Европа, како и претставување на поволностите за инвестирање и можностите за бизнис соработка кои Македонија ги нуди.

Домаќини на настанот се Охридска Банка, членка на Сосиете Женерал Групацијата и Амбасадата на Македонија во Франција и истиот е поддржан од Инвест Македонија.

Форумот собра на едно место голем број  истакнати професиналци од бизнис сферата од Македонија, Франција, од македонската дијаспора во Европа, Канада и САД и членови на Одборот на директори на Македонија2025 кои ги разгледуваа можностите за соработка во ИТ, агрибизнисот и бизнисот со обновливи извори на енергија.

macedonia2025 11

На присутните им се обратија амбасадорите на двете земји, Н.Е. Лоренс Оер и Н.Е. Агрон Буџаку. Владина делегација предводена од Премиерот Никола Груевски исто така присуствуваше на настанот. Премиерот ја поздрави иницијативата и изрази особен интерес да присуствува во Париз како почесен гостин.

Ми претставува особена чест да бидам домаќин на 100 бизнис професионалци и пријатели од Македонија кои не почестија со нивното присуство во Париз и ја споделија нивната страст и искрена желба да го помогнат економскиот раст на земјата. Може да научиме толку многу од говорниците  и панелистите и да размениме деловни идеи на билатералните средби во топла и позитивна атмосфера. Искрено се надевам дека Форумот ќе им ги отвори вратите на македонските компании да делуваат пошироко на европскиот пазар.“- изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка, членка на Сосиете Женерал Групацијата, која се обрати на првата панел дискусија на тема ‘‘Потенцијалите за инвестиции во Македонија‘‘.

macedonia2025 2

Дојдовме во Париз да изградиме уште еден мост што нѐ води до економски развој на Македонија. Овој пат ќе ги претставиме поволностите пред европските бизнис професионалци и ќе се фокусираме на интензивирање на соработката. Особено сме среќни што преку овој настан ќе отпочнеме серија настани  во Европа и се надеваме дека ќе успееме да ја анимираме македонската дијаспора во Европа“, изјави Роберт Арсов, Претседател на Одборот на Директори на Македонија2025.

Учесниците на Форумот имаа можност да остварат билатерални средби, како и да присуствуваат на индивидуални состаноци со претставници на македонскиот тим за Директни странски инвестиции. Тие сметаат дека темите се релевантни и се многу заинтересирани за продлабочување на соработката со Македонија.

Македонија2025 промовираше ексклузивни производи на Тиквеш, БиМилк и Мамас, кои се спонзори на настанот и кои придонесоа во претставувањето на успешните приказни на македонските извозници на храна и вино во светот.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта